Доцни платата за месец мај во Јавната установа за заеднички служби при Клиниките, а на жиро сметката имаат блокади од скоро 200.000.000,00 денари, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму тврдат дека со ова исплатата на плата и за месец јуни е доведена под прашалник
➡️Некадарноста и лошото менаџирање со оваа установа покрај неспособноста да обезбедат плати за вработените придонесоа оваа јавна установа да е најголем должник.
Во институцијата има вработено 190 лица кои заедно со медицинскиот персонал доаѓаа на работа во КОВИД кризата.
Прашуваме:
❓️Дали министерот кој се чудеше што работи оваа институција, сместена во срцето на клинички центар, на овој начин сака побрзо да го спроведе најавеното затварање на истата?
❓️Кој ја контролира работата на оваа Установа и кои нерегуларности се откриени?
❓️Кој ќе сноси одговорност за ваквото неодговорно однесување на менаџментот?
Ова претставува уште еден показател за расипничкото однесување на оваа Влада која потребно е да замине час поскоро со цел итен ремонт за целосно рестартирање на здравствениот систем, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.