На СДСМ му се случи корупција, тоа и самите го зборуваат сега, вели еден од основачите на СДСМ и екс министер во владата на Бранко Црвенковски, професорот Никола Поповски во интервју за Трилинг на ТВ 24.

Борејќи се против корупцијата сами станаа дел од неа и никогаш во последниве години не анализираа кои се причините за незадоволството и перманентниот пад на поддршката – брзањето за избор на нов лидер е уште еден показател дека ваквите избрзани чекори може да немаат никаков позитивен ефект, напротив да ја повлечат партијата во уште поголема провалија, оценува Поповски.

Вонредните внатрепартиски избори за нов лидер на СДСМ се закажани на 30 јуни, а членовите ќе избираат помеѓу Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.