„ВМРО-ДПМНЕ во сите свои програми и во целото свое делување е насочено во борбата против корупцијата. Она што моментално можеме да го правиме како опозиција е да ги спречуваме сите оние кои што сметаме дека се штетни закони на ова поле во Парламентот на Република Македонија. Исто така наша задача која што исто така ја правиме како опозиција е да ги обелоденуваме сите коруптивни скандали на власта. Се извинуваме ако имаме утнато некој, навистина се многу, немаме мислам ни време, а ни простор да ги опфатиме“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.

Попов додаде дека граѓаните нема да нудат мито кога нема да им биде потребно врска на секој шалтер во државата, кога нема да биде навлезена корупцијата во секоја пора во општеството.

Корупцијата во Македонија едноставно е заразна, за друг виновник освен актуелната власт нема. Нормално е да граѓаните да критикуваат и ските мерења тоа го кажуваат, 4 од 10 млади се иселуваат поради корупција во државата. А, околу 91% од младите мислат дека државата оди во погрешна насока, рече Попов.

Тој посочи дека е време институциите да си ги засукаат ракавите и да почнат да работат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.