До овој момент нема взаемен договор со ресорните министри, за прекин на штрајкот на просветните работници и вработените во градинките, потврди претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција.

Има сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите, во интерес на колегите кои штрајкуваат, да постигнеме договор во однос на зголемување на платите согласно Законот за минимална плата, рече Неделков.

Тој очекува и да постигнате договор за динамика на пораст на платите во следните години.

Доколку немаме договор и продолжи членството да се изјасни по понудата на Владата што ќе ни ја даде, тоа значи дека и утрешниот ден ќе биде во знакот на штрајкот, додаде Неделков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.