Понижувањата и навредите кои ги трпат Македонија и Македонците се резултат на погрешната политика на СДС. Изворот на ова е затруеното дрво договор со Бугарија кои тие го донесоа, со кое отворија врата и дадоа легитимитет на негаторските изјави и постапки упатени кон македонскиот идентитет.

Резултатот на сето тоа денес се тензиите кои се појавуваат, историски најлошите односи меѓу двете земји и скандалозните прослави на историски датуми со кордони, многу полиција и чествување далеку од очите на народот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

(фото: МИА)

Наместо за иднина власта на СДС се согласи да се зборува за историја. Нема никаков инфраструктурен и економски бенефит за Македонија од ова. Напротив , добиваме уцени и нови и нови барања, чија крајна цел веќе и не се крие, а тоа е однародување, што нема никаква врска со европските стандарди и вредности.Ковачевски и неговата влада се целосно изгубени и со свиткана кичма. Веќе не знаат како да се оправдаат за живата песок во која тонат и за жал ја влечат и Македонија. Неопходни се избори час поскоро, на кои граѓаните јасно и гласно ќе кажат што мислат за нивните погубни политики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.