Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрлил над 45 тони вода при гаснењето на пожарот кај село Милетино, општина Брвеница.
Во текот на вчерашниот ден, хеликоптерот на МВР учестувал во гасење на пожарот со исфрлени над 20 тона вода.
Како што соопштија од МВР, по барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска, хеликоптерот на МВР „Белл-212“ повторно учестувал во гаснење на пожарот и исфрлил преку 25 тона вода.
Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.