Немилиот и крајно вознемирувачки инцидент што се случи вчера на скопскиот аеродром е продолжување на проектот за радикализација на ДУИ, реагира пратеникот Беким Сали од коалицијата Вреди за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот во Скопје.
Полициски функционер познат по својата блискост со челниците на ДУИ, покажувајќи отворено непочитување на ВИП протоколите и достоинството на државна делегација, ја запре претседателката Османи, напиша Сали.
Според него, со овој чин не само што се прекршуваат дипломатските норми, туку се ризикува и влошување на односите меѓу нашата држава и Косово.
Депресивно е да се забележи дека ДУИ уште еднаш ја покажа својата апатија кон институциите на Косово, со цел во секој случај да ги влоши нашите односи. Овој инцидент е горчлив потсетник на 20 години владеење и на деструктивното ниво на кое се подготвени да одат сега кога се во опозиција. Во овој критичен момент, сакам да истакнам дека секој член на Вреди е посветен на почитување на принципите на почитување, достоинство и силни дипломатски односи. Ние се разликуваме од ДУИ и нема да дозволиме нашата земја да биде сфатена како сираче на меѓународната сцена. Нашата посветеност за негување на позитивни и почитувани односи со сите наши соседи останува непоколеблива, нагласуува Сали во својот одговор на неговиот Фејсбук профил и сподели фотографија од Вјоса Османи и собранискиот спикер Африм Гаши на која пишува: „Како брат за сестра, нашиот Гаши!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.