Полициска кола е паркирана пред домот на поранешниот министер Миле Јанакиески. Сиво Пежо“ со „нормални„ регистарски ознаки стои пред влезот во зградата каде што Јанакиески живее.

Дали ова значи дека тој уште вечерва може да биде однесен во затворот во „Идризово“.Ваквата можност се отвори откако денеска Апелација ја намали, но и ја потврди неговата казна за случајот „Титаник“.

Поради ова, неговиот адвокатски тим најави дека ќе побарат спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години и тој да не замине на извршување на затворската казна.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.