Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура.

Полицајци им помагаат на приватното обезбедување на државната компанија за воздушна навигација М-Нав, по инцидентите од 4 јануари, велат два независни извори за Радио Слободна Европа. Интервентна полиција и полицаец во цивилка, сега се дел од обезбедувањето на М-НАВ. Новиот тендер за обезбедување на М-НАВ е во рацете на компанијата 2СС од Кичево.

Потпис на склучениот договор ставиле поранешните директори Фахрудин Хамиди, Љубе Стаменковски и актуелниот Хасим Деари. Оваа компанија и на двата тендера до сега била единствен понудувач, покажуваат податоците од Биро за јавни набавки.

извор Радио Слободна Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.