Протестниот марш што вечерва почна пред Владата, засега се одвива мирно. Учесниците стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието и веќе се таму.
На протестот се слушаат патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Cеверна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија. Присутни се и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог.
Ова е седми ден од протестот што се одржува под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.