По завршувањето на денешната заедничка прес-конференцијата на македонскиот и бугарскиот премиер во Владата, новинарка од Бугарија се приближи до Димитар Ковачевски и му подари црвено јаболко, во знак на, како што рече, доверба дека ќе работи на одржување на единството меѓу двете земји.

„Господине Ковачевски, дозволете да ви подарам здраво бугарско црвено јаболко во знак на благодарност дека вие ќе го запазите единството меѓу Бугарија и Македонија“, рече новинарката.

На гестот бугарскиот премиер Кирил Петков се насмеа и рече: „Нашето убаво јаболко“, а Ковачевски го понесе со себе.

Истата новинарка истиот гест го направи и со сега поранешниот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски.

За ова прекршување на протоколот од страна на бугарската новинарка, остро реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен новинар, Наум Стоилковски.

Во мое 30 годишно искуство со новинарство и медиуми до сега не сум сретнал новинар или било кој вон протоколотот да се дозволи да се доближи на пола метро до премиер. Во влада. На прес со друг премиер- гостин.
Полека со местенките, срамота е!, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.