Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДС повторно не може да најде простор за поддршка.Очигледно е дека повеќе би сакале да молчат отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите – за подобрување на животниот стандард на сите.

Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот.

Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија.

Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.