Докторот кој е обвинет за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од тетовската модуларна болница, во која живи изгореа 14 луѓе, доктор Бобан Вучески добива поддршка од тетовци.
Во фејсбук статус Јовица Ефкоски Ефко, кој дента бил во прва смена во модуларната болница, зборува за натчовечките напори на д-р Боби за време на пандемијата. Неговиот статус го пренесуваме во целост.
Ја нема да постирам текст што би го презел од некој медиум или другар на фб, ќе напишем неколку реченице за Др. Боби – попознат како Скопски.
Е тој Бобани, доктори кривецот за несреќниот пожар што се деси у модуларната болница у која бев и ја на работа дневна смена и цела ковид криза у неговата екипа у која не имаше многу колеги/шки кои без страв и многу енергија му се спротиставивмо на невидливиот снажен противник-ковид.
Е сега за кривецот, кој прв се пријави како млад доктор пред свите поискусни и постари со стаж доктори у болница да напрае екипе и да крене на Шапка со првите пациенти да работи, за да кризата се продлабочи и префрли кај нас у болница. Е тој Др.Боби е стварно крив што го жртвуеше животот и здравјето за цело Тетово и околија, за секој пациент без разлика на боја, вера, нација, партија, потекло, богат, сиромав и сл.
Тој Др.Боби го запостави семејството, децата, служејќи му на народот, присутен по 24 часа у болница со безброј визите од глава на глава на пациентите, анализе на крв, сатурације, кислороди и не знам што све друго. Одговарајќи на секого на телефон со смиреност и посветеност за и околу лечењето на било кој пациент.
Е тој кривец беше ангажиран да ние персоналот бидемо безбедни и покриени со материјали, храна и вода од страна на самоволни донатори што ни ја носеа, а све што нему му даваја како благодарност тој го оставаше на маса за другарите/кете. Немаше он величина дека е Доктор што свите бараја помош од него, скромен и ведар со многу енергија. У неколку муабети за време одмор му викав брат одмори малу, до когај вака! А он Ефче брате морамо да се справимо. У неколку случаеви смо го испраќале капнат дома у 3 сабајле, у 7.00 братот на визита пред свите. Мие свите имавмо смене и паузе,
само Др.Бобани немаше време за тоа.
Колку само работа и тешки моменти смо имале и виделе, а нарочито Боби за кој ми требе цел ден да пишуем.
На Др. Бобан Вучески му е потребна наша поддршка, поддршка од градот.
На Боби требаше да му се додели плакета за храброст и пожртвованост,
а не да му се суди за било што.
Тоа беше трагедија за сите нас, никој не сака да се деси такво нешто.
Гордоста на Тетово е Др. Бобан, другар и доктор кој сеуште му е потребен на градот и здравството во Тетово❗
Градот е со тебе Скопски ✊
Една година по трагедијата, во тетовскиот суд започна судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинети се поранешниот директор на Тетовска болница Флорин Бесими, финансовиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучески. Рочиштето беше одложено за 14 октомври, бидејќи второ и третообвинетиот не дојдоа во судница.
Десет месеци обвинителството собираше докази за да докаже дека Бесими и Етеми сториле „тешки дела против општата сигурност“, лекарот Вучески „не постапувал“ според здравствените прописи за време на епидемија“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е виновно за кривичните дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Во извештајот на МВР беше наведено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.
Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути го зафати целиот објект, животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.