Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираат од училиштето.

Почна монтажата на лифт во нашата гимназија, а кој ќе биде наменет пред сè за учениците со физичка попреченост. Овој проект веќе некое време чекаше на својата реализација, еве и тоа се случи и полека се заокружува целокупниот проект за реконструкција и модернизација на гимназијата. За оваа намена одвоени се околу 2, 5 милиони денари, вели директорката Марија Тодоровска.

Привршува и реконструкцијата на подрумските прострии во училиштето, кои ќе се пренаменат во финтес центар и теретана.

Претходно, заврши реконструкција на подови на 30 училници во гимназијата. Набавени се и клупи и столчиња за сите училници, поставени се сончеви завеси, набавени се професионални машини за чистење на подовите.

Претходното лето, пак, заврши обемната реконструкција на „Гоце Делчев“ во кој целосно беше реконструирана фасадата на училиштето, беше саниран одвоениот објект, училишната спортска сала.

Во гимназијата последната учебна година настава следеа 950 ученици



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.