Пригодно, со желби за добра забава, вкусна скара и дегустација на пенлив пијалак, синоќа во центарот на Прилеп е отворен 20-тиот Фестивал на пивото. Во изменет термин, ребрендиран како „Бирвикенд“, Фестивалот и за прилепчани и за гостите што пристигнаа од повеќе градови е значаен и традцицијата треба да продолжи. За голем број гости многу е битно дружењето, а не во колкав број се.

Поставени се 10-тина штандови, за забавата до недела вечер ќе се погрижат домашни и изведувачи од регионот.

Очекуваме сѐ да помине во најдобар ред. Публиката да биде задоволна, да има многу посетители, особено овие два викенд дена. Да ја исполнеме замислената програма и верувам дека сите ќе заминеме со позитивни впечатоци. Се надевам дека полуновиот концепт ќе привлече внимание од сите, изјави Дарко Крстески, организатор од „Евент груп“.

Фото: МИА

За градските власти се битни одржувањето на традицијата, а Фестивалот придонесува за локалната економија.

На прилепчани многу им значи продолжувањето на традицијата на Фестивалот на пивото кој веќе има две децении одржување. Поместениот датум на одржување не значи дека нема голема забава и дружење. Од огромно значење е и за придвижувањето на локалната економија, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој на сите гости на отворањето им посака добар и забавен престој во Прилеп.

Фото: МИА

За чистотата се ангажирани комуналните претпријатија. Забавната пивофестовска атмосфера се очекува да кулминира викендот. Надлежните уверуваат дека има доволно паркинг простор за сите посетители. В недела е бесплатен.

На првата фестивалска вечер настапија: Миле Кузманоски, ламбе Алабакоски, Тијана М и „Тропико бенд“. Денеска за забавната атмосфера за гостите ќе се погрижат: „Ареа“, групата „Хурикан“, „Пајак“, а в недела, на завршницата ќе настапат: „ДНК“, Бојана Скендеровски, Наум Петрески и Аца Лукас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.