Започна констититувната седница на новиот парламентарен состав. Со изменети места за седење, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,ДУИ, ЗНАМ, Вреди и Левица имаат три дена да го изберат новиот претседател на Собранието, кој речиси сигурно ќе биде Африм Гаши.

На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.

Во моментов има пауза поради избор на Верификациона комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.