Ветивме водоводна мрежа во местото наречено Каваклија, која од денес веќе се реализира, соопшти денеска штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Со проектот ќе изградиме водоводна линија со должина од 2.600 метри, а со тоа ќе ги решиме долгогодишните и секојдневни предизвици на жителите во овој дел од градот. Нашите заложби ќе ги насочиме кон решавање на најголемите проблеми, во најзасегнатите населби во Штип, затоа што сите граѓани заслужуваат основни услови за достоинствен живот!, вели Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.