Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето на вонредните избори за членови на Совет и се одвива без проблеми, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.
Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи.
Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082, информираа од оваа установа.
Од таму потенцираат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.