Знаете ли од кога почитта е сеење омраза? Откако СДСМ си го даде газот под кирија во Бугарија.
Во ТВ-дебата меѓу пратеничката Дафина Стојаноска и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, зборувајќи за односите со Бугарија и Грција Стојаноска вели дека не е пријателство ако „пријателот“ те уценува и не те почитува. На ова Костадинов ѝ возвраќа со констатацијата дека сее омраза.
Што е за вас пријателство? Какво пријателство? Што направила Грција, дали ги промени топонимите на нејзина територија? Вие шахтите ги избрусивте. За кое пријателство говорите ако некој ме уценува? Тој што ме уценува, мене не ми е пријател. Ако ме почитува, ќе ме почитува и со име и со презиме и со држава и со јазик и со сè, вели Стојаноска.
Што позитивно добиваме ние од ваквото сеење омраза, прашува потпретседателот на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.