Бројни неправилности во работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување утврдила извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година. Симптоматично е тоа што извршители неосновано повлекуваат пари од Фондот врз основа на извршување врз пензионери поради различни долгови.
Фондот констатира дека одредени извршители, откако биле известени од стручната служба на Фондот, дека не се во состојба да го реализираат налогот за извршување од повеќе причини (починат корисник на пензија, корисник со најнизок износ на пензија, корисник за кој веќе се задржува 1/3 од пензијата по друг налог за извршување) пристапиле кон извршување директно од сметката на Фондот. Од Фондот во 2021 година месечно се регистрирани од 2500 до 3000 трансакции од пензии на должници кон сметки на извршителите, а на годишно ниво оваа бројка достигнува околу 30.000 трансакции. Притоа бројката на вработени лица во Фондот кои се ангажирани на ова прашање во зависност од обемот на работа достигнува и 8-9 лица, а за вршењето на оваа услуга Фондот не добива никаков надоместок од страна на извршителите, стои во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.