Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.

Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов, околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“ и Атанас Мазнев, претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин, добивме информација дека по шест месеци, клубот ќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата. Иако планот беше Клубот да биде гнездо за сите Македонци, македонските членови на ОМО Илинден раководството не ги пушти во Клубот. Да потсетиме и дека раководство на Клубот бараше мито од 150 лева (75 евра) месечно за кирија од членовите на ОМО Илинден, иако целата кирија за Клубот ја плаќаше македонската дијаспора“, пишува Кирјаков.

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен на 30 октомври 2022 година. Иако поканети, никој од власта не се осмели да замине на отворањето на клубот. Присуствуваа делегации предводени од опозицијата. Во пресрет на отворањето мaкедонски интелектуалци, историчари професори објавија поздравно писмо.

Клубот беше многупати цел на вандалски чинови, за кои бугарските власти не се обидоа да ги санкционираат.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

На 10 февруари доби решение за одбивање на регистрацијата, кое беше обжалено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.