Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката  за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.

Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана

Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност

Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.

-Да, со цел да не се доведе државата во уставна криза, се повлеков и побарав судот да гласа согласно принципот на меритократија, односно исклучиво согласно професионалните квалификации и менаџерските капацитети на кандидатите. Судиката Васиќ остана единствен кандидат, вели во изјава за МИА судијката Павловска Данева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.