Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, соопшти вечерва дека собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.Тој и официјално влегува во трката за шеф на државата.

„Над 10.000 потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, напиша Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

Вечерва и Арбен Таравари објави дека во рекордно време, за само еден ден, ги собрал потребните 10 000 потписи. Тој вчера започна со собирање потписи. Денеска и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал потребните потписи со кои и официјално е кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори закажани за 24 април годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.