По информациите од Клиниките за онкологија и нефрологија, до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат конкретни забелешки за невреднување на трудот и притисоци и низа неправилности со кои се соочуваат и медицинските сестри на Детската клиника и Здравствен дом Скопје, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Менаџерите на сите овие установи и надлежното Министерство за здравство со мал прст не мрднаа да решат барем мал дел од проблемите, но наместо конкретни чекори за унапредување на нивниот статус вршат притисоци и мобинг врз овој кадар кој долги години инвестирал во својата надградба.
Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку правни тимови. Оттаму додаваат дека сите заинтересирани може да ги контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност.
Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство, со посебен фокус на предизвиците на медицинските сестри, но и сите здравствени работници за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените.
Важно е и заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството и интегритетот на медицинската сестра, додаваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.