Интернет страницата на Собранието е вратена во функција и е достапна за домашните корисници, соопшти попладнево собраниската пред служба, појаснувајќи дека страницата не била функционална поради напад од надвор од повеќе конекции.

Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме, надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен, наведува во соопштение прес-службата на Собранието.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.