Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола, благодарение на радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема поддршка во справувањето со овој пожар, соопшти директорот
на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Според него, тоа значи дека пожарот не може да се шири и да зафати нови
површини, но има спорадични горења во јадрото.
Инаку, пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината
Плачковица, започна да гори вчера од 16:20 часот и имаше опасност да ги зафати блиските
куќи и викендици
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.