Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, Тошковски кажа дека интензивно се работи на реконструкција на Центарот за обука во Идризово, каде ќе биде училиштето, и во моментов се инвестираат повеќе од 3 милиони евра.
„Ќе најавам ново средно полициско училиште. После прва и втора година средно образование, идните полицајци ќе може да ги поминат трета и четврта година во средното полициско училиште. Нашето искуство покажува дека професионалниот капацитет на полициските служебници кои биле едуицрани во рамки на средно училиште е далеку повисок и далеку поголем во споредба со останатите“, рече Тошковски.
Во изминатите години додека постоеше средното полициско школо, средношколците не смееја да се префрлуваат од други школи во тоа, туку во средното полициско мораше да се поминат сите 4 години средно образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.