Од, како што ги вели, „чудата на МОН“ за успешно образование, професорката Весна Јаневска издвојува три парадокси:

Од Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година:

1. За реконструкција на фасада на основно училиште во Прилеп доделиле 10.000 денари.
2. За реконструкција на кров и фасада на ОУ во Велес 10.000 ден.
3. За фасада, тоалети, подови и столарија во ОУ во Велес -10.000 ден
4. За реконструкција на ТОАЛЕТИ во ОУ во Чаир – 2.500.000 ден.
5. За реконструкција на санитарни јазли во ОУ од Струшки – 2.466.902 ден.

Не цитирам понатаму, само ќе искоментирам. Во општина Аеродром нема средства за ниту едно училиште, во Кисела Вода исто така, Во Тетово ја заборавиле гимназијата за која ветуваа, се сликаа и снимаа, нема за училиштето Братство-Миѓени за кое цело Тетово знае дека учениците учат во подрумски простории, во општина Штип нема средства за ниту едно основно училиште, во Охрид нема за ниту едно ОУ…..

ДРУГА ТЕМА.
Во училиштата повторно хаос. Не е исплатена во целост првата рата од средствата за финансиска помош на учениците, а е завршено аплицирањето за втората рата. За некој ден ќе се објави третиот повик. Така училиштата наместо со настава се бават со работата на социјалните служби (се повторувам, но важно е).

СЛЕДНА ТЕМА:
За едно полугодие сме изгубиле околу 300 ученици, само од Гостивар околу 200, чии родители се исселиле, а и студенти си ги повлекуваат документите.
Премногу црнила, премногу.

Образованието е важно и зато ќе биде приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Уште малку, порачува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.