Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70 илјади денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади, пресмета „Радио слободна Европа“.

Инфографика - Колкава плата ќе земат државните функционери за април 2023

Претседателот Пендаровски ја повика Владата преку законско решение да го регулира ова прашање. Тој смета дека е „невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет“. Од Владата нема одговор до каде е најавеното разгледување на можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата.

Целата сторија на РСЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.