Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ од Битола, со целосна ангажираност и поддршка од локалната самоуправа, работи на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“. Со обновата и враќањето во функција на Планинарскиот дом „Копанки“, срцето на Пелистер повторно ќе се врати, зошто тоа е еден од симболите на Битола.
Кога во 2021 година по повеќегодишни институционални пречки и стопирања конечно се дојде до судска разрешница, веќе немаше видливи законски оправдувања за помагање при обновата на планинарскиот дом „Копанки“.
ЗПСК „ПЕЛИСТЕР“ – Битола до општина Битола поднесе барање за обнова на планинарскиот дом Копанки. Ваквата ницијатива ја прифати Градоначалникот на општина Битола и дел од Советниците во општина Битола, односно советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и советничката група Поинаку и почнавме разговори. Услов за општина Битола финансиски да ја помогни обновата на планинарскиот дом Копанки беше спроведување на сите законитости кои важат во Македонија при обнова на вакви објекти и измена на Статутот на ЗПСК „ПЕЛИСТЕР“ – Битола, информираат од друштвото.
Во продолжение известувањето на ЗПСК „ПЕЛИСТЕР“ – Битола го пренесуваме во целост
ПОСТАПУВАЊЕ СО ИМОТОТ НА ЗПСКП ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК
Член 58
Во случај на престанок со работа на ЗПСКП целиот имот ќе припадне на Општина Битола.
По исклучок од претходниот став на овој член, доколку постапката за престанок е иницирана или се должи на акти и дејствија на органите на единицата на локалната самоуправа тенденциозно насочени кон престанок на работењето на ЗПСКП, имотот по престанокот на здружението ќе припадне на планинарски клуб со седиште на подрачјето на Општина Битола кој ќе го определи Собранието на здружението.
Почитувани сограѓани, во јавноста од некои „загрижени“ лица постојано се искажуваат невистини и напади врз здружението и негрижата на локалната самоуправа за обновата на планинарскиот дом Копанки, а сите кои здраворазумно размислуваат ја гледаат вистината, а тоа е напорите и загриженоста кои ги вложуваат Градоначалникот и дел од советниците кои уште во почетокот на мандатот на овој општински Совет застанаа со поддршка за обнова на планинарскиот дом Копанки. Некоректноста на известувањата оди до таа мера што деновиве се објавија фотографии од негрижата врз градежните материјали (вреќи цемент) кои се уништени. Станува збор за вреќи со цемент од 2018година кога ЗПСК „ПЕЛИСТЕР“ – Битола самоиницијативно ја започна обновата на домот, при што од тогашната локална самоуправа бевме запрени, а повеќе од 200 вреќи цемент останаа неискористени. Дел ги ставивме во најлонски вреќи и сега во овие градежни работи се искористени, но и многу вреќи со цемент останаа неупотребливи и истите ги користевме како подлога за заштита на новиот цемент од влага.
На ден 19.08.2022 година, општина Битола на сметката на ЗПСК„ ПЕЛИСТЕР“ – Битола донираше 3.800.000,00 денари и на ден 21.09.2023година донираше 3.000.000,00 денари.
Благодарение на поддршката од оваа локална самоуправа, продолжуваме со реконструктивните зафати со одговорно распределување на буџетските средства за соодветните намени. Срцето на сите членови на ПСК „Пелистер“ е во планинарскиот дом „Копанки“, како и на многу генерации битолчани. Затоа, нашата одговорност и обврски се големи. Со досегашните одобрени средства од Општина Битола, реализирани се следните трошоци:
Р Е К А П И Т У Л А Ц И Ј А
на искористени финансиски средства Обнова на планинарски дом Копанки
О П И С ПРИХОДИ РАСХОДИ
БИТОЛА ОШТИНА 6.800.000
НАБАВКА НА ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ 1.132.152
РАБОТНА РАКА 3.230.600
ПРОЕКТ, РЕВИЗИЈА И НАДЗОР 413.696
ПРЕНОС НА ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ И ОПРЕМА 606.751
ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА ОПРЕМА И ДРУГО 83.667
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 19.793
ПРЕВОЗ И ГОРИВО 46.475
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ – ДАНОК 67.080
ХРАНА И ВОДА ЗА РАБОТНИЦИ 23.184
СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ 10.000
ДДВ 879.909
СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА-ПРОВИЗИЈА 12.054
В К У П Н О : приходи 6.800.000; расходи 6.525.361
ОСТАТОК-САЛДО 274.639
Накратко потсетуваме на периодот пред 11 години и судбината на Копанки: како што знаете, на 28 Јануари 2013г. во раните утрински часови од огнена стихија, целосно изгоре Планинарскиот Дом „Копанки“ на Пелистер. Домот „Копанки“ (1610 н.в.) почнал да се гради во далечната 1936 г. по иницијатива на Планинарското друштво „Пелагонија“ (чиј наследник е ЗПСК „Пелистер“) со прилози од битолските занаетчии, еснафот и граѓаните на Битола. После Втората светска војна по иницијатива на друштвото „Пелистер”, Планинарскиот дом „Копанки“ беше два пати доградуван и надградуван со што го доби ликот до пред опожарувањето. Опожарениот дом располагаше со сместувачки капацитет од 16 соби од кои 4 четворокреветни, 3 шестокреветни, 5 деветокревтни, 3 десетокреветни; со сала од 200 м2 која покрај за исхрана се користеше за оджување на семинари и обуки од областите на планинските спортови, екологијата и други вештини и однесување во планина.
Домот располагаше со кујнa по ХAСАП систем, а на посетителите им беше овозможено користење на кујната во домот за приготвување на храна и топли напитоци.
Почитувани битолчани, сите Вие кои го посетувавте планинарскиот дом Копанки, многу добро знаете дека Копанки иако е сопственост на ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”-Битола тој беше дом за сите, отворен некомерцијален планинарски дом и таков после обновата ќе биди на услуга на сите добронамерни посетители.
Сигурни сме дека, тенденциозни написи, кои сакаат да фрлат темна дамка на Планинарскиот дом „Копанки“, нема да ја запрат неговата обнова, зошто тоа е дом на Битола, на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.