„Претседателката Вон дер Лајен утре во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“, објави денеска на својот твитер налог Европската Комисија, најавувајќи ја посетата на претседателката Урсула фон дер Лајен на Скопје, која утре треба да се обрати пред пратениците во Собранието, за по кусо време да ја коригира објавата и да напише дека претседателката е на средба со претседателот на Cеверна Македонија.
-Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во северномакедонскиот Парламент на свечената седница во 13 часот, објави Европската комисија во првичниот твит, а на фотографијата беше наведено „претседателката Урсула фон дер Лајен во македонскиот Парламент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.