Денеска сме во Охрид, повторно, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и презентираме сето она што во овој период се работи, а секако може да поразговараме и за сето она кое што ќе се работи, изјави денеска охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.
Доста активности, доста работи кои што биле дел од нашата програма, има дел и кои што не биле дел од нашата програма. И секако она што претставуваат капитални проекти за Охрид, а во наредниот период ќе се случуваат и за кои што ќе треба да се гордееме сите, се при самиот крај за она што треба да претставуваат конзерваторски одобренија, одобренија за градба и така натаму. Во моментов сме на улицата Ѓорче Петров, улица во вредност од околу 13 милиони денари, каде што имаме конкретна промена, односно нова атмосферска канализација, промена на водоводната линија за кои што со години создаваше проблеми кај луѓето, односно жителите на оваа улица, ново осветлување и секако нов асфалт. Целосна реконструкција од страна на буџетот на Општина Охрид – истакна Пецаков.
Во продолжение тој додаде:
Денеска ќе посетиме уште две локации кои што исто така преставуваат целосна реконструкција на улиците. Тоа е улицата „Марко Цепенков“ и продолжение на она што веќе го сработивме со улицата Момчило Јордановски. Веќе атмосферската канализација е поставена, следува уште тротоарите и секако асфалтирањето на истата.
Третата е улицата Пирин Планина, каде што имавме промена, односно поставување на нова водоводна линија. Дел од улицата немаше канализациона мрежа и таа е поставена и секако реконструкција, односно асфалт на самата улица.
Ќе презентираме и четири нови игралишта кои што ги направивме во овој период, а до крајот на годината, најголемиот дел од детските игралишта ќе бидат реконструирани и ќе имаме четири, вклучително со игралиштето во Велгошти, до крајот на годината мултифункционални игралишта.
На сето ова, кога ќе ги додадеме инвестициите во образованието и веќе при сам крај останува поставувањето на фотоволтаиции на средното економско училиште во Охрид, и со тоа ќе имаме тотална реконструкција на самото училиште. Веќе отпочнавме со припремите за средното училиште гимназија, ја менуваме првично оградата, потоа имаме партерно уредување со поставување на атлетска патека во самиот двор на училиштето и се префрламе внатре со уредување на подот, со варосување на самите на самите ѕидови, докомплетирање на она што треба да преставуваат нови клупи и столчиња. И секако, поставување на смарт табли, буквално во сите училници.
Со тоа, трите училишта кои што се под општина, ќе ги комплетираме и ќе бидат тотално нови до крајот на 2024. Со економското ќе завршиме оваа година, а гимназијата ќе биде 2024, тотално реконструирана и со тоа ги подобруваме условите на училиштата.
Овдека би сакал само една реченица да напоменам затоа што често сум споменуван, посебно од пратеничката Жаклина Лазаревска, како човек кој доаѓа од образованието, за тоа дека парите биле од владата и така натаму. Ако не знае пратеничката, многу порано е започнат процес на децентрализација на општините, кај што дел од средствата кои што се дотации за образование, се доделуваат на самите училишта. Е сега, зошто имаме средства? Ќе кажам една работа, кога дојдов градоначалник кажав долгот во образованието кој што е создаден и изнесува околу 22 милиони, на први септември ќе биде нула денари. Излегов на први септември, кажав дека е вратен долгот во сите училишта и тоа не беше од дотации, туку од домаќинско работење на самата општина. И кога веќе сме го завршиле тоа и работиме домаќински, чесно и одговорно имаме средства за инвестиции.
Уште побитна работа, кога дојдов за градоначалник, околу 50 милиони денари имавме на сметката за образование кои што не биле користени. А, тоа е затоа што работеле, не создавале проекти и не создавале нешто врз основа на кое што ќе може да се потрошат тие пари. Затоа ние ги завршивме сите тие работи, посебно средните училишта, а веќе при крај сме со уште три училишта со кои што ќе завршиме и до крајот на 2023 година ќе ги имаме реконструирано сите тоалети во основните училишта, веќе во средните се завршени. Така да, генерално, условите ги подобруваме и тоа е само и само затоа што, фокусот мој лично како градоначалник, е подобрување на кого ако не на оние на кои што се најбитни за нас, а тоа се младите – заклучи Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.