Пратеникот Бране Петрушевски на својот фејсбук профил запраша:

Како Левица си одработува за ДУИ и СДС?

Тој во својот статус посочува дека Левица добива од валканите пари на власта.

Откако во јавноста се насобра огромен гнев по монструозниот скандал на Онкологија, Левица буквално го киднапираше протестот, со што ги одврати неисполитизираните граѓани од изразување на незадоволство и го задуши револтот. За чија корист – па на ДУИ и СДС.

Во следната фаза за спас на ДУИ и СДС, Левица прави дефокус на јавноста. Наместо да се врши притисок за расчистување и одговорност за овој грозоморен скандал, Левица со невистини и лаги го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за правење непостоечки кворум. За чиј интерес, па нормално за ДУИ и СДС, се разбира…

Власта си добива мир и фокус на јавноста кон опозицијата, намалени казни за криминалите и “спуштена топка” за скандалот со Онкологија…

А Левица најверојатно добива од тие валкани пари на власта и се надева на некој глас повеќе од некој изманипулиран граѓанин, одработувајќи за цепкање на опозициските гласови во корист на ДУИ и СДС.

Фактите се тие, но што друго да се очекува од Левица, која го поддржуваше и го донесе на власт Зоран Заев и која веруваше дека Катица Јанева ќе донесе правда во Македонија!- пишува Петрушевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.