СДС и институциите под нивна контрола со невидена леснотија се обидуваат да го заташкаат скандалот во кој директен актер е нивниот функционер, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Човекот кој беше избран да работи во интерес на граѓаните, во алкохолизирана состојба тепа и напаѓа луѓе по улица!?

Овој човек не е достоен да ја врши функцијата градоначалник. Овој човек треба да си поднесе ОСТАВКА! Ова не е само обично насилство, ова е насилство направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги тероризира граѓаните, а после и да им се заканува да не го пријавуваат настанот!

Шерифите на СДС, каков што е Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не им се плаши. Ни Спасовски, ни партизираното судство нема да ги спаси!, пишува Петрушевски во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.