Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва, во врска со уставните измени, рече дека за да се водат какви било разговори, мора двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, да имаат јасно дефринирани ставови. Ставот на СДСМ, потенцира Петровска, е јасен и непроменет уште од почетокот, што не може да се каже и за ВМРО-ДПМНЕ.

Според министерката, во уставните измени нема ништо спорно и треба да се собере политичка храборст за нивно спроведување.

Како што порача во дневникот на ТВ Сител, вакви државнички прашања не смеат да се користат како дел од предизборието, кога тоа и да се случи, ниту смеат да бидат дел од изборна кампања.

Ставот на СДСМ е јасен и непреоменет од првиот ден. Ние сме подготвени за уставните измени кои ќе значат продолжување на патот кон ЕУ, но за жал тоа не можеме да го кажеме и за ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба прво да кажат дали понудите се нивниот конечен одговор зашто почнаа со тоа дека не прифаќаат уставни измени, за потоа да кажат дека прифаќаат. Како граѓанин, прашањето и дилемата ми е, што е спорно во уставните измени кога Буграија сама бара Бугарите да се пишат како малцинство во Уставот на Македонија со што се побива фамата дека сме еден народ во две држави. Ако за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо, Бугарите да бидат дел од Уставот, тогаш се плашам дали се согласуваат со таа реченица дека сме еден народ во две држави, рече Петровска.

Минатото не потстетува, дополни, дека ВМРО-ДПМНЕ има храброст, но кога е опозиција или пред избори, а кога ќе дојде на власт, таа храброст одеднаш ја снемува.

Така беше со промената на знамето, ќе го враќаа старото, така беше со неприфаќањето на ДУИ кога тие ќе бидат власт, но ја прифатија и беа власт, така беше и со Преспанскиот договор кој го прифаќаат нивните градоначалници. Не верувам дека понатаму ќе покажат каква било храброст за драстична промена на позициите, а и во последната изјава Борел кажа дека за Република Македонија нема веќе дополнителни услови, подвлече министерката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.