Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

Мојата програма „Манифест на социјалдемократијата“ во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“, порача Петровска.

Таа продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.