Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека Преспанскиот договор, со кој соседот на Грција беше прекрстен со додавање на „Северна“ во името, нема да се менува и при промена на власта во Македонија.
Овој договор беше означен како едно од најзначајните достигнувања на Балканот во изминатите децении и јас сум убедена дека, настрана политиката, сите политички партии, кога ќе бидат во позиција да ја претставуваат владата и државата, ќе се држат до договореното и потпишаното, изјави таа за грчкиот весник „Катимерини“ на економскиот форум „Делфи“.
Зборувајќи за македонското членство во НАТО што го овозможи токму договорот од Нивици, Петровска смета дека тоа претставува штит против ширењето на украинската криза во Западен Балкан.
Гледајќи од денешна перспектива, членството во НАТО за земјите од Балканот е, сосема веројатно, најдобриот начин да се гарантира дека нестабилностите во Источна Европа нема да се прелеат во нашиот регион“, рече таа, нагласувајќи дека членството на Македонија во НАТО „е од корист за Алијансата како целина, за поединечните сојузници, но најмногу за мирот, безбедноста и стабилноста на земјата и регионот.
Петровска, исто така, истакна дека сите сојузници на НАТО се согласни оти Алијансата мора да го засили своето присуство на источното крило.
Тоа е неопходно и барано од новата безбедносна ситуација на европскиот континент“, додаде таа, истакнувајќи дека зајакнатото пријателство со Грција по потпишувањето на договорот од Преспа отворило неограничени можности за соработка, особено во областа на одбраната.
Одговорноста за безбедноста на нашето небо ја префрливме на сојузник, но тоа го направивме со чиста совест, уверени во капацитетот на вооружените сили на Грција и подготвеноста за заштита на соседната сојузничка земја, нагласи Петровска во интервјуто за „Катимерини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.