Земјава обврската ја укина во 2005 година, а дали задолжително ќе се служи војска или не, е национално прашање и тука нема правило во рамките на НАТО Алијансата, вели министерката и додава дека сегашниот закон предвидува доброволно служење, но сепак интересот кај младите е многу мал.

Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите…, младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Така што тоа се во денешно време, кога знаете како младите жедни би рекла или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право мислам дека повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата, вели Славјанка Петровска – Министерка за одбрана.

Петровска во Брисел учествуваше на министерски состанок на НАТО, во време кога најголем дел од земјите члнеки се преокупирани со пораките од поранешен претседател на САД Доналд Трамп, дека ако повтроно биде избран „би дозволил од Русија да биде нападната членка на НАТО која не издвојува над 2 проценти од своето БДП,“.. Македонија годинава прв пат ќе ја исполни оваа квота, а Петровска вели дека Алијансата почива на правилото сите држави членки да се заедно и да се штитат меѓусебно.

Главната опасност за земјава и според НАТО, и според Петровска, доаѓа од хибридните закани, особено во перидот на изборите. Таа посочи дека целта на овие влијанија е поткопување на институциите и довербата во нив, како и влијание врз одредени процеси..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.