Шефот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, за хрватската телевизија РТЛ тврди дека немало намера за прикривање во случајот со смртта на ракометарот Денис Тот.

Бубевски вели дека збрката со информациите настанала поради лоша медицинска проценка.

Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоa. Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го почнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство – вели Бубевски.

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот почина во болница, откако беше нападнат од три лица пред дискотека во скопскиот Градски парк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.