Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Ова го изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Таа искоментира дека партнерството меѓу Македонија и САД не значи само политичка поддршка, туку и соработка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија.
Петровска им заблагодари на САД и посочи дека во Армијата нема простор за деструкции и импровизации, бидејќи им служи на државата и на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.