Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска утрово на својот фејсбук профил објави дека денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата зашто земјава пред две години на овој ден стана полноправна членка на НАТО.

Република Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел – членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни, напиша министерката Петровска.

Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со КОВИД пандемијата, в.д. амбасадорот на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер.

По повод две години од членството на НАТО, зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на Алијансата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.