Наместо прозваниот Димитар Ковачевски, на говорница излезе самата министерката и му се заблагодари на премиерот што ѝ дал можност лично да одговори за да го увери Ковачки дека е психички здрава и стабилна да одговори на сите прашања и лаги што тој упорно ги изнесува.

Петровска не ја оспори вистинитоста на психијатриското вештачење, но, според нејзиниот одговор, таквата состојба ѝ ја предизвикал токму Ковачки со неговата, како што рече, бескрупулозна лага. Во врска со ова, таа веќе покренала судска постапка.

Тоа што го читавте е извадок од вештачењето и се однесува на моето однесување за вашата бескрупулозна лага што ја изнесовте пред неколку месеци. Причината за вашиот бес и немоќ да се справите со тужбата е тоа што всушност ве натера да излезете на говорница и да го читате тоа. За тоа што пишува во тоа вештачење и што го предизвикало таквото мое однесување, ќе се видиме на суд и, како што кажав пред неколку месеци од оваа говорница, дека за вашата лага ќе се видиме на суд, ќе се видиме наскоро, рече министерката.

За да ме разрешите, го потсети таа, не ви е потребен премиерот туку самите можете да ми поднесете интерпелација.

Што се однесува до мојата работа, ако имате каков било сомнеж за тоа дали некоја одлука изминатиот период сум ја донела согласно закон или не, има еден инструмент што се нарекува интерпелација. За ова време додека сте пратеник претпоставувам имавте време да го прочитате Деловникот и да знаете дека не ви треба премиерот за да ме разреши. Треба да биде доволно храбри, да имате аргументи, а не лаги, да напишете еден лист наречен интерпелација и тој да го поднесете и тука ќе бидам цел ден да одговорам на сите ваши инсинуации, рече Петровска.

Таа му порача дека на суд ќе се видат и за, како што рече, неговата најнова лага дека припадници на военото разузнавање биле уапсени на Косово. За ова, Петровска во Собранието покажа документ – официјален допис од косовските власти во кој тие тврдат дека таков настан со македонски припадници на военото разузнавање воопшто немало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.