„Отсекогаш сум верувал во професионалните и стручни капацитети на институциите и не верувам дека некој што работи статистика би правел нешто спроти својата професија. Тие прават тоа што им налога науката и тоа што учеле“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека наместо сите поединечно да даваат свои видувања за тоа како го доживуваат пописот, треба да се разговара за намалениот број на жители.

„Треба да се дискутира зошто луѓето во изминативе 30 години се селат од државата. Ни опаѓа наталитетот. За овие теми треба да разговараме, но не да не може да спроведеме попис или да повикуваме пописот да се бојкотира. Тоа е нечесно према идните генерации“ рече Петров.

Тој додаде дека меѓународните експерти го опишуваат пописот како еден од најмодерните организирани во светот и повика дека пописот треба да биде статистичка операција, како секаде во светот, а не политичка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.