Петмина државјани на Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале, се превртел и излетал од патот.

За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на брзата помош.

Повредените, според АНА-МПА, се пренесени во болниците во Солун и Серес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.