Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека поголемите политички партии отсекогаш се трудат да ги згазат и ги држат малите политички партии на страна од напредок, но истакна дека Левица е исклучок од тоа.

Левица е феномен на политичката сцена, имаат попрагматичен пристап. Млади луѓе мобилизираат, настапуваат остро и самоуверено, со години се бара алтернатива, сити се луѓето од СДСМ и ВМРО-ПДМНЕ и луѓето сакаат свежина и поинаков речник, практицирање на друга политика.

 

Се наметнаа со некој интелектуелистички пристап што не беше својствено, прават анализи на нивните настапи, политичкиот маркетинг е близок до менталитетот на напшиот млад човек.

 

Мислам дека повеќе штета прават на ВМРО-ДПМНЕ, направија идентификација на Левица со ВМРО-ДПМНЕ, жестината со која ја напаѓаат власта иде чекор понатаму од ВМРО-ДПМНЕ, за некои прашања имаат слични ставови. Левица и СДСМ треба да бидат идеолошки поблиски, ама ако ја гледате програмата, тоа е сосема друга партија, која е блиска до Сојузот на комунистите, вели Петровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.