Премиерот на Бугарија Кирил Петков на својот Фејсбук профил го осуди подметнувањето на пожар на бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“.

Најостро го осудувам подметнувањето пожар на културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола, обид да се провоцираат и дестабилизираат нашите односи со соседите. Шефот на бугарската дипломатија патува за Битола за на лице место да се запознае со штетите. Бугарската влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Македонија и поддршка на нејзините активности“, пишува Петков.

Тој му се заблагодари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски за неговиот брз одговор.

Очекувам надлежните служби на Република Македонија да ги најдат и казнат сторителите на овој вандалски чин. Иднината на регионот не смее да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинализирани групи, додава Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.