Премиерот на Бугарија Кирил Петков повика на „надминување на егото, и до некаков степен блиската и не толку блиска историја“, како и да се преземат следни чекори во односите со Р. Македонија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Петков ова го изјави на средбата со Бугарите во Битола, каде што присуствуваше на отворањето на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“. Во делегацијата се и потпретседателката Илијана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, амбасадорот на Р. Бугарија во РМ, Ангел Ангелов и други.
Доколку не работиме заедно од двете страни на границата, постои опасност проблемите што ги имавме со години да продолжат. Од друга страна, постои реална можност, ако се обединиме, ако си ги подадеме рацете со владата на РМ, имаме шанса да направиме вистински чекори напред – рече Петков.
Според него, додека владите можат да работат на документи и различни дипломатски чекори што треба да се направат, тука борбата е за срцата и умот на луѓето од двете страни на границата, а тоа не може да се случи врз основа на документи.
Ова мора да се случи врз основа на заедничко дејствување, сплотеност и заедничка работа. Она што стана јасно во нашата коалиција и во Бугарија во целина и мислам и од другата страна на границата во РМ и во разни институции, дека е време да ги надминеме разликите помеѓу себе, бидејќи стабилноста на Бугарија, на РМ и Балканот, зависат од овие заеднички дејствија – рече Петков.
Според него, треба да го смениме значењето на терминот „балканизација“.
Нашата задача во моментов е да го смениме значењето на овој збор и да направиме да има поинакво значење, користејќи го заедничкиот потенцијал, работејќи заедно да го направиме овој регион најбрзо растечки регион во Европа. Треба да го надминеме нашето его, една малку блиска и не толку блиска историја. Време е да се направат следните чекори напред – изјави Петков.
За бугарскиот премиер Бугарите во РМ претставуваат мост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.