Претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков даде изјава по повод 30-годишнината од признавањето на независноста на тогашна Република Македонија.

Изјавата на премиерот е објавена на официјалната Фејсбук страница на Министерскиот совет.

„Денес се навршуваат 30 години од признавањето на независноста на тогашна Република Македонија. На 15 јануари 1992 година владата на Филип Димитров прва го бранеше правото на нашите македонски пријатели да имаат своја држава. Така, Бугарија покажа дека сака да има вистински односи на добра волја и дијалог меѓу нашите две земји. Денеска имаме обврска да ја вратиме климата на разбирање меѓу нас. Затоа што заедно можеме повеќе“, сподели Кирил Петков.

Бугарскиот премиер доаѓа на посета на земјава во вторник, 18 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.