Премиерот на Бугарија Кирил Петков во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Белград, рече дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков коментирајќи оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, кажа дека секогаш ќе има провокатори.
Петков очекува да има нулта толеранција за провокации и верува дека тоа никако нема да ја намали брзината или да ги спречи започнатите заеднички активности.
Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи – истакна бугарскиот премиер Кирил Петков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.