Во последните 24 часа од направени 892 тестови, регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19, регистрирани се вкупно пет починати, едно во последното деноноќие и четири преку системот „Мој термин“, и 307 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 185 од Скопје се 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани , Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 55 реинфекции


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.